Ендомак ви дава насмевка од вашите соништа!

Естетската стоматологија нуди многу опции за решавање на различни дефекти на забите и на насмевката. Тие денес им се достапни на сите и секој може да го подобри изгледот на своите заби и да има убава и здрава насмевка, по пристапни цени.

Врвни естетски третмани кои се нудат во Ендомак:

Белење на забите

Ова е најосновна и најефтина козметска процедура. Бројни се варијациите од материјалите и техниките на белење на забите, меѓутоа најдобар третман останува да биде професионалното белење кое се одвива под надзор на стоматолог.

Бондирање на забите

Најдобра опција за искривени, истрошени или поткршени заби. Процес каде со материјал приближен на бојата на глеѓта на забот, се аплицира на површината на забот, се моделира на лице место, истиот се стврднува и на крај се полира за да се добие идеална насмевка.

Импланти

Добра замена за парцијалните или тоталните протези и недостаток од заби. Имплантот се анкерира во забната коска, се зема отпечаток и се цементира измоделирана речиси природна коронка.

Ламинати

Најпопуларна естетска процедура. Ламинатите се ултра тенки, индивидуално изработени порцелански лушпи кои се фиксираат директно на забот. Тие се најдобра естетска опција доколку се работи за затварање на меѓузабни простори - дијастеми, малку поткршени, искривени или обоени заби, таму каде белењето на забите не било задоволително.

CAD/CAM коронки

Овој систем претставува примена на современата компјутерска технологија во изработка на целосно порцеланска коронка. Основната предност на овој компјутерски биоконцепт е брзината и прецизноста на изработката, максималната естетика и природниот изглед на коронката.




InfoCentar © 2009 | contact web designer
>