За прв пат во Македонија и светот, промоција на единствениот патентиран производ на MIS Implants, BondBone - вештачка коска која се лепи и стврднува за 30 секунди!...
повеќе


Др. Димитар Тасевски е на стручно усовршување во Израел, за најновите методи и техники во имплантологијата...
повеќе


НАСКОРО
Во просториите на куќата на Мајка Тереза ќе биде промовирана книгата "Убавината на насмевката" на примариус д-р Коте Тасевски...
повеќе


27.01-01.02.2010
Д-р Димитар Тасевски ќе биде на IMCI 2010 Парис на мастер курс по имплантологија...
повеќе


НОВО
НОВО!!! Стоматолошката Поликлиника ЕНДОМАК обезбеди најнов и најмодерен апарат за имплантологија ...
повеќе


16.09.2008
За прв пат во Македонија ЕНДОМАК обезбеди апарат за ортопантомографско и дигитално рендгенско снимање на забите...
повеќе




Нова имплантациона стоматологија

Нови заби за само еден час!

Протетските потреби се огромни, бидејќи на секое возрасно лице во просек му недостауваат два до три заба, барем така зборуваат податоците во Европската унија. Се смета дека има дваесет милиони стари луѓе кои во устата немаат ниеден сопствен заб. Модерната стоматологија нуди повеќе различни можности за заменување на изгубените заби.

Со години наназад протезите беа единствена опција за луѓето со изгубени заби. Протезите често создаваат потешкотии при џвакањето, зборувањето и смеењето. Денталните имплантати се алтернатива на класичните протези и мостови при заменување на извадените заби. Тие овозможуваат трајна замена на изгубените заби и враќање на нормалните функции на забалото со максимален комфор за пациентот.

Поради ниските трошоци, забните мостови денес се сметаат за стандардна терапија во третирањето на делумниот недостаток на заби и во осум од десет случаи имаат оправдана примена. Постапката која се шири по Америка и во Европа, а позната како ,, теетх-ин хоур,, значи дека забите можат да се направат и имплантираат во текот за еден саат, после што пациентот си оди дома како ништо да не се случило.

Забните имплантати целосно го изменија начинот на размислување и добар дел од технологијата во стоматологијата што доскоро беше неприкосновена постепено оди во историјата. Модерната анестезија е еден од најважните чекори во современата медицина и мора да се признае дека во последните години овозможи продор на забните имплантати за кои се верува дека, навистина од темел ја менуваат методологијата и технологијата на замена на непостоечките заби. Порано, пред само три или четири години, милиони луѓе со недостаток на заби, автоматски се одлучуваа на мостови или забни протези. Денеска е сосема поинаку, бидејќи постои можност на избор.

Која е најдобрата стратегија за надокнадување на дефектите во забната низа, а да при тоа бидат задоволени и естетските и функционалните услови? Техничките и финаските трошкови за мостовите кои ни се на располагање и цврсто усадените имплантати, во целост се разликуваат, особено кога беззабите вилици атрофираат и остануваат без доволно коскена маса.










InfoCentar © 2009 | contact web designer
>