|
Прашања и одговори
Што се тоа дентални импланти?
Природниот заб се состои од коронка (видливиот дел од забот) и корен (кој е скриен под гингивата во коската). Коренот кој е цврсто всаден во коската на вилицата ја дава цврстината на забот и го држи забот ,,на место,,. Денталните импланти служат како замена за коренот на изгубените заби и се поставуваат во коската на горната или долната вилица. Изработени се од титаниум, материјал кој е високо компатибилиен со човековите ткива. Коската обраснува околу имплантот, така што тој е цврсто всаден и може да послужи како основа за надградба на поединечна коронка, или како носач за мост или парцијална протеза, исто како и корените на природните заби.
Со имплантите се добива цврста основа за поставување реставрации на местото на изгубените заби во устата, а без при тоа да се оптеретуваат преостанатите природни заби. Со импланти може да се заменуваат поединечни изгубени заби или да се направи комплетен функционален сет кај беззаба вилица (кај луЃето кои немаат ниту еден заб во вилицата).
Каква е стапката на успех на имплантите?
Испитувањата покажуваат одлична ефективност и долготрајност на имплантите, со стапка на успех над 95%. Добрата орална хигиена е најважен фактор за здравјето и трајноста на имплантите. Тоа подразбира редовна домашна хигиена и редовна контрола кај стоматолог, за да се сочува здравјето на гингивалното ткиво и останатите заби.
Кој е кандидат за дентални импланти?
Сите пациенти кои имаат извадени заби во устата (на кои им недостасува еден или повеќе заби) од било која причина-повреда или расипан заб, можат да бидат кандидати за импланти. Со поставување на импланти во коската, всушност, се зачувува коскеното ткиво на вилицата, т.е. се спречува понатамошно губење на коска по вадењето на забите. Затоа тие се најдобар начин за замена на еден или неколку заби. Исто така, имплантите се најдобро решение и за пациентите без заби. Во овој случај се поставува одреден број импланти кои служат како стабилна основа за поставување на комплетна или парцијална протеза, која добро ќе пасува.
За успешно поставување на импланти неопходно е да постои солидна коска (адекватно коскено ткиво) и здрави гинигиви. Возраста на пациентот не игра голема улога. Поважен фактор е здравствената состојба и кај одредени хронични заболувања не се препорачува поставување импланти. Во принцип се вели, ако состојбата на пациентот дозволува да се изведе вадење (екстракција) на забите, тогаш може да се изведе и имплантирање.
Колку време трае процедурата и дали е болна?
Имплантирањето се изведува со локална анестезија, амбулантски, на стоматолошкиот стол. Во тек на хируршкиот зафат не се чувствува никаква болка. Во зависност од бројот на имлантати, може да се јави оток или чувствителност неколку дена по операцијата, што се контролира со лекови против болки. Во периодот на заздравување се користи течна и мека храна.
Процесот на остеоинтеграција и поставувањето на нови заби трае околу 3 месеци. За горните заби или ако се заменуваат сите заби во вилицата со импланти, тогаш е потребно време од 5-6 месеци.
Во однос на возраста не постојат ограничувања за поставување на импланти, пациентите можат да бидат од 9 до 99 години. Кај деца со имплант може да се замени конгенитален (вроден) недостаток на заб, што драматично (значајно) го подобрува животот на детето. Кај постари пациенти комплетната протеза може да се замени со импланти, што ќе овозможи не само поголема удобност, туку и подобра работа на дигестивниот и кардиоваскуларниот систем.
Имплантите се контраиндицирани само кај пациенти со болести на крвта, како леукемија, или пациенти кои се лекуваат со хемотерапија.
Колку чини поставувањето на имплантите?
Цената зависи од повеќе фактори, вклучувајќи го бројот на импланти, неопходните дополнителни процедури и сл. Вообичаено, се смета цената на хируршката процедура одделно и одделно цената на поставувањето колче и изработката на коронка.
Колку време е потребно за завршување на постапката до крај?
Зависи од типот на имплантирање. Конвенционалниот третман бара време од 4-9 месеци, некогаш и подолго. Ова време е потребно за интегрирање на имплантот во коската . Постојат различни процедури, кои главно вклучуваат две хируршки постапки (имплантирање и поставување колче на имплантот) и потоа изработка на коронка. Откако имплантот ќе се постави во коската потребно е време од околу 6 месеци за намножување и обраснување на коскените клетки околу имплантот. Откако интеграцијата е завршена, се прави нова мала инцизија на гингивата над имплантот и се поставува колче. По оваа постапка потребно е време од 3-6 недели за комплетно заздравување на гингивалното ткиво. Дури потоа се изработуваат и поставуваат дефинитивните порцелански коронки. Целиот процес бара време и повеќе посети на стоматологот.
Кои се предностите на денталните имплантите? (Какви предности пружа поставувањето на импланти?)
Подобар изглед
По губењето на забите вилиците почнуваат да се собираат (смалуваат), што му дава на лицето старечки изглед. Имплантите го успоруваат и спречуваат пропаЃањето на вилиците, исто како и природните заби.
Комфор за пациентот
Имплантите се цврсто всадени во виличната коска и дејствуваат како природните заби, така што не се јавува гингивална иритација или експопзиција на нервите и болка како кај протезите.
Подобар говор
Имплантите овозможуваат релаксирано, самоуверено зборување, за разликата од конвенционалните протези, кај кои говор е обично со пречки: шушкање, нејасен говор и сл.
Подобро џвакање
Пациент со протеза која идеално пасува јаде со 20% ефикасност во споредба со луЃето со природни заби, што со текот на времето се влошува уште повеќе. Со денталните импланти џвакалната функција се реставрира комплетно и ефикасноста на џвакањето е слична како кај природните заби. Тоа овозмужува со самодоверба да се јаде и тврдата омилена храна и да се ужива во вкусот на храната, без воздржувања и одрекувања.
Удобност
Пациентите имплантите ги чуствуваат како свои заби и со нив нема разни непријатни ситуации, како изместување, испаЃање на вилицата (протезата) при смеење и зборување.
Заштита на преостанатите природни заби
При поставување на мост за замена на еден или повеќе заби, соседните заби кои ќе го ,,носат,, мостот мора да се стружат и ако се здрави. Кај имплантите нема потреба да се модифицираат соседните заби, што значи дека се сочувуваат природните заби на пациентот. Сите овие предности ја зголемуваат самодовербата на пациентите.
Дали денталните импланти се безбедни?
Коскено- интегрираните импланти се совршенство во модерната стоматологија. Тоа се мали титаниумски ,,фиксатори,, со кои се заменува коренот на природниотт заб. Се поставуваат со локална анестезија, нежно се имплантираат во коската и всушност се поврзуваат, интегрираат со коскеното ткиво, дури и посигурно отколку природниот корен. Најчесто тие се и постабилни отколку природните корени на забите. Врз имплантите понатаму протетичарот изработува порцеланска коронка, според соодветните естетски потреби на пациентот. Титаниумските импланти се користат повеќе од 30 години во светот и ја докажале својата биолошка компатибилност.
Дали секој стоматолог е способен да постави импланти?
Тоа можат да го работат стоматолози кои претходно поминале посебен курс по имплантологија кој е специвичен и различен од преостанатите области во стоматологијата. Некогаш и самата процедура на поставување импланти бара и тимска работа со што се потребни повеќе стоматолози,стручњаци во повеќе области. Имплантологијата во стоматологијата постои неколку децении наназад, но дури во последниве 10 години стана навистина успешен и предвидлив третман.
|