За прв пат во Македонија и светот, промоција на единствениот патентиран производ на MIS Implants, BondBone - вештачка коска која се лепи и стврднува за 30 секунди!... повеќе
Др. Димитар Тасевски е на стручно усовршување во Израел, за најновите методи и техники во имплантологијата... повеќе
НАСКОРО
Во просториите на куќата на Мајка Тереза ќе биде промовирана книгата "Убавината на насмевката" на примариус д-р Коте Тасевски... повеќе
27.01-01.02.2010
Д-р Димитар Тасевски ќе биде на IMCI 2010 Парис на мастер курс по имплантологија... повеќе
НОВО
НОВО!!! Стоматолошката Поликлиника ЕНДОМАК обезбеди најнов и најмодерен апарат за имплантологија ... повеќе
16.09.2008
За прв пат во Македонија ЕНДОМАК обезбеди апарат за ортопантомографско и
дигитално рендгенско снимање на забите... повеќе
Техника на поставување (фази на третманот)
Денталните импланти се изработуваат од титаниум, кој има висок афинитет кон коскеното ткиво.
Пред да се донесе одлука за поставување импланти се спроведуваат дијагностички испитувања и медицински консултации:
Испитувањата и дијагнозата се состојат од орален преглед, рендген на целата уста, панорамски снимки, дијагностички модели и фотографии и не смеат да бидат постари од 6 месеци.
Поставување на имплантот.
Самата хируршка постапка подразбира инцизија (рез) на мекото ткиво и потоа внимателно издлабување во коската ,,дупка,, која прецизно одговара на должината и дијаметарот на телото на имплантот. Откако имплантот ќе се постави, мекото ткиво се зашива одозгора (се враќа на место, се репозиционира). Пациентите добро го поднесуваат зафатот, а постоперативните тегоби се незначителни. Отокот исчезнува за 4-7 дена по операцијата. Конците се вадат 7-10 дена по операцијата. Се препорачува мека храна 4-6 недели.
Поврзување на продолжетокот и протезата. Остеоинтеграција.
Сега започнува процесот на остеоинтеграција (коскено интегрирање, фузирање, обраснување) на имплантот, кој што процес трае околу 4-6 месеци, за намножување и обраснување на коскените клетки околу имплантот. Во текот на овој период имплантот останува покриен и врз него не смеат да делуваат сили. Пациентот за ова време може да носи протеза.
Имплантите се откриваат (втора оперативна фаза). Се проверува остеоинтеграцијата.
Откако процесот на интеграција е завршен, со многу едноставна хируршка постапка се открива врвот на имплантот и се поставува продолжеток кој оди над гингивата. По оваа постапка гинивалното ткиво многу брзо заздравува. Се поставуваат продолжетоци (Абутментс ). Се прави рендгенска снимка. Се земаат отпечатоци и се изработуваат пробни модели, од кои се прави привремена протеза. Конците се вадат по 7-10 дена. По оваа постапка потребно е време од 3-6 недели за комплетно заздравување на гингивалното ткиво. Дури потоа се изработуваат и поставуваат дефинитивните порцелански коронки.
Интегрираната протеза е завршена (комплетирана) и се поставува на имплантите. Се прават финални прилагодувања и контролна рендгенска снимка.
Замена на забот (забите)
На продолжетокот на имплантот се поставува порцеланска коронка, која лабораториски се изработува врз база на отпечатоци и претходно направен дизајн од стоматологот.
Прицврстување на протези
Кај беззаба вилица не е потребно да се постават 14 импланти за да се заменат сите изгубени заби. Доволно е да се постават неколку импланти кои ќе ја држат цврсто протезата. За стабилност обично се потребни 2 до 5 импланти. Протезата може да биде фиксна или мобилна (да се вади). За фиксна протеза потребно е да се постават повеќе импланти во коската на вилицата. Но, секогаш се препорачува да се избере мобилна протеза кај која многу полесно и поцелосно се одржува хигиената и која го амортизира притисокот кој го трпат имплантите.
Преку продолжетоците на имплантите се поставува прецизно изработена шина, врз која се поставува спојот (копчето) кое го акрилниот дел на протезата.