Стоматолошката Поликлиника - ЕНДОМАК секогаш има потреба од млади стоматолози кои имаат желба за работа и амбиции за усовршување и унапредување. Најмногу се цени нивната посветеност во употребата на новите техники и технологии од областа на естетската стоматологија. Потребно е да бидат одговорни и лојални и да се надоградуват развивајќи ги сопствените стручни и услужни активности.
Ние нудиме единствена можност за работа и усовршување во напредна и посветена атмосфера со креативен и високо професионален тим со можност да се осознае работата на еден модерен центар за лично напредување во кариерата.
Испратете ги пријавите електронски на нашата е-маил: info@endomak.com.mk на која можете да пратите кратко писмо, слика и Curriculum Vitаe, наведувајќи го работното место за кое се пријавувате.
Сите пријави се вклучени во базата на кандидатите и сите ќе бидат посебно разгледани. Сите кандидати ќе бидат поканети на интервју. Доколку не Ве повикаме веднаш Ве молиме бидете стрпливи, ќе бидете контактирани штом се створат услови за ново вработување.
Однапред Ви благодариме!
|