Што е Ендомак...

ЕНДОМАК е приватна здравствена организација со 15-годишно успешно работење и особено големо искуство во ЕНДОДОНЦИЈАТА, РЕСТРАВАТИВНАТА И ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА.
Во ЕНДОМАК работат повеќе ординации по општа стоматологија и специјалистичка ординација по болести на забите и ендодонција, кои овозможуваат комплетна

стоматолошка заштита, почнувајќи од превентивни постапки за спречување на болести на забите и устата, лекување на сите заболувања на забите и меките ткива и козметски и естетски процедури со дизајнирање на насмевката.
Во рамките на ЕНДОМАК работи заботехничка лабораторија и рендген кабинет.
На своите пациенти им нуди врвни здравствени услуги, почнувајќи од рутинските стоматолошки третмани, до комплексни реконструкции на тешко оштетените заби, во вистински удобна и опуштена атмосфера. Ординациите располагаат со врвна стоматолошка опрема од најреномирани светски производители, со технички можности кои ги задоволуваат највисоките стандарди во работењето.
 |
 |
Материјалите за работа внимателно се одбираат и за реставрација на забите се користат исклучиво материјали со висок квалитет. Квалитет, одговорност и посветеност на работата се основните постулати врз кои се темели работата на стоматолозите кои работат во ЕНДОМАК.
Секогаш се следат најновите трендови во поглед на техниките, опремата, материјалите и комуникациите. Докторите во ЕНДОМАК ги следат и ги применуваат врвните новини во стоматологијата и медицината и континуирано се едуцираат и обучуваат. Сите се занимаваат и со научна работа и пишуваат стручни текстови од својата област.
ЕНДОМАК е израз на стручноста и огромното искуство на Прим. д-р Коте Тасевски и ентузијазмот и желбата за знаење на едуцирани и посветени млади доктори. Тоа гарантира врвна стоматолошка и медицинска заштита.
ЕНДОМАК е спој на едуцирани стручњаци и на врвна техника и технологија.