Она што го одвојува ЕНДОМАК од останатите...
ординации е воведување нов концепт и менување на перспективите во стоматологијата. Примена на неинвазивни методи на обработка на забите и развивање на ЕСТЕТСКАТА СТОМАТОЛОГИЈА.
Наша цел е забите да бидат не само здрави, туку и убави....
затоа во работата се следат принципите за ДИЗАЈНИРАЊЕ НА НАСМЕВКАТА, односно се настојува да се коригираат сите недостатоци на забите за да се добијат максимални естетски резултати.
Нашиот став е...
дека убавината на насмевката е еден од најважните фактори за самодоверба, чувство на среќа и благосостојба на човекот. Токму затоа во ЕНДОМАК кон решавање на проблемите на забите се приоѓа потемелно, вклучувајќи го естетскиот аспект во работата, како начин за подобрување на целокупното физичко и емотивно здравје на пациентите.
"Задоволните пациенти и нивните позитивни функционални промени по третманот се доказ дека сме на вистинскиот пат."
Пријателска, удобна и пријатна атмосфера
ги правиме сите напори за да им обезбедиме комфор на пациентите. Најмногу се мисли на вашето здравје и удобност.
Се трудиме секоја средба да биде пријатна за пациентот. Нашата визија е да се чувствувате што е можно покомфорно. Приемниот дел е топол и удобен, како дома, и истовремено пријатен како омиленото кафуле. Ладни пијалоци, кафе и чај се служи во секое време. Ординациите се просторни и тивки. Може да одберете ЦД со музика која сакате да ја слушате. Ги правиме сите напори за да им обезбедиме комфор на пациентите. Најмногу се мисли на вашето здравје и удобност.
,,Нашата практика е изградена на тотално задоволство на пациентите.,,
|
Осигурана безбедноста на пациентот...
Луѓето со право се оптоварени со грижи за нивната безбедност од инфекции кога одат на стоматолог. Ние ја разбираме таа загриженост. Кај нас темелно се спроведуваат сите процедури за
стерилизација и инфективна контрола - безбедноста и здравјето на пациентите ни се од примарно значење.
За водените линии се користи систем за чистење и дезинфекција, со цел да се спречи евентуално нивно загадување (контаминација). Се грижиме и за околината и имаме поставено систем за филтрација на живата од нашата отпадна вода, (живата што се ослодува при менување на амалгамските пломби).
Хуманиот пристап - мото на ЕНДОМАК

Дали сме најдобри, тоа нека го кажат оние кои ја поминале школа за здравје и убавина на ЕНДОМАК. Но, сигурно знаеме дека сме ЕДИНСТВЕНИ во тоа што им овозможуваме бесплатна стоматолошка услуга на децата со пречки во развојот и разни степени на физичка и ментална хендикепираност.
Кај оваа група деца силно е изразено расипувањето на забите и кај нив се зачестени болестите на устата, што се должи на вродените аномалии на устата и забите. Тие пациенти тешко доаѓаат до стоматолошка заштита, бидејќи работата со нив е многу специфична и стоматолозите избегнуваат да ги прифатат.
Примариус д-р Коте Тасевски имаше доволно доблест и хуманост и ја воведе работата со деца со пречки во развојот како редовна практика, така што секој вторник во ЕНДОМАК бесплатно се лекуваат деца со посебни потреби. На тој начин придонесуваме за подобрување на животните услови и здравјето на оваа категорија граѓани.
|